Радио Кочани
Кочани

„Супорт Кочани“, здружението е активно и по 14 месеци по големата кочанска трагедија

259

И по 14 месеци од големата кочанска трагедија, здружението „Супорт Кочани“ останува активно и посветено на поддршката на повредените и нивните семејства. Помошта продолжува секојдневно, а канцеларијата „Гнездо“ и понатаму е место каде граѓаните можат да добијат поддршка, информации и неопходна помош.

За активностите и функционирањето на здружението разговаравме со Ана Вучева, волонтерка која е дел од „Супорт Кочани“ уште од самиот почеток на неговото формирање. Таа посочи дека иако поминало повеќе од една година од трагичниот настан, потребите на повредените сè уште постојат, а поддршката од волонтерите и хуманите граѓани не смее да запре.

Во моментот на снимањето, просториите на „Гнездо“ ги посетија дел од повредените граѓани, кои подигнаа потребни лекарства и друга помош обезбедена преку здружението. Од разбирливи причини и поради почитување на нивната приватност, тие не сакаа да бидат снимани.

Од „Супорт Кочани“ велат дека ќе продолжат со своите активности и во наредниот период, со цел да им помогнат на сите на кои помошта им е потребна и да покажат дека Кочани не ги заборава своите сограѓани.

Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio