Радио Кочани
Кочани

Ноќта помеѓу 31 мај и 1 јуни прво терестичко прскање против комарци

180
Општина Кочани ги известува граѓаните дека во текот на ноќта помеѓу 31 мај и 1 јуни 2026 година (недела спрема понеделник), во периодот од полноќните часови, ќе се спроведе ПРВАТА фаза од теристичко третирање (дезинсекција) против комарци на подрачјето на Општина Кочани.

Третирањето ќе го реализира Центарот за јавно здравје – Скопје, а ќе бидат опфатени околу 300 хектари на територијата на град Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Се апелира до граѓаните, пчеларите и институциите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита.
Во случај на неповолни временски услови (ветер, дожд), третирањето ќе биде одложено за следниот поволен термин.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio