Радио Кочани
Кочани

Утревечер ОМУ „Ристо Јуруков“ организира концерт на наградените ученици 

158

Учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани кои во текот на учебната година освоија награди и признанија на натпревари и музички манифестации, утревечер ќе настапат на свечен концерт пред кочанската публика.

На концертот ќе бидат изведени дел од најуспешните музички настапи, а посетителите ќе имаат можност да го слушнат „најдоброто од најдобрите“ од учениците на музичкото училиште.

Концертот ќе се одржи утре со почеток во 19:00 часот во Мултикултурен центар Кочани.

Од училиштето упатуваат покана до сите љубители на музиката да присуствуваат и да ги поддржат младите таленти.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio