Радио Кочани
Кочани

МВР со информација во врска со сообраќајната несреќа

3,665

Четириесет и двегодишен мотоциклист загина во тешка несреќа на патот Штип-Делчево, соопшти СВР Штип.

Според информациите, несреќата се случила синоќа кога мотоциклистот се судрил со товарно возило.

На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал на пат кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт“ соопштија од штипската полиција.

 

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio