Радио Кочани
Кочани

Трагична сообраќајна несреќа кај Грдовска петла: Загина маж од Кочани

11,188

Млад жител на Кочани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на излезот од градот, кај Грдовска петла.

Според неофицијалните информации, комбе со винички регистарски таблички удрило во мотоцикл управуван од сега веќе починатото лице.

Од силината на ударот, мотоциклистот починал на самото место.

На местото на несреќата веднаш интервенирале екипи на Министерството за внатрешни работи, Итната медицинска помош, како и други надлежни служби кои извршиле увид.

Повеќе детали за причините и околностите под кои се случила несреќата се очекуваат во текот на денот, по што јавноста дополнително ќе биде информирана.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio