Радио Кочани
Кочани

Над 1000 дечиња дел од „Плазма“ Спортските игри за млади во Кочани

175

На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани денеска се одржаа „Плазма“ Спортските игри на младите, на кои учествуваа над 1000 дечиња од градот и регионот.

Кочани е четвртиот град домаќин на „Денот на спортот“, манифестација која е дел од една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години, а годинава за првпат се организира и во Македонија.

На свеченото отворање присуствуваа претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, која е носител на проектот, градоначалникот Владко Грозданов, како и бројни познати спортски имиња.

Главната цел на Спортските игри на младите е промоција на бесплатен спорт за секое дете, поттикнување на здрав и активен начин на живот, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање нови пријателства и градење вистински вредности кај младите.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio