Радио Кочани
Кочани

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ Кочани денеска повторно ќе биде ставена во функција

292

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ Кочани денеска повторно ќе биде ставена во функцијаФонтаната „Зрно“ во ГТЦ во Кочани се очекува денеска повторно да биде ставена во функција, откако проблемот со моторот бил успешно саниран од страна на КЈП „Водовод“.

Според информациите, во текот на денот се очекува екипи од комуналното претпријатие да пристигнат на терен и да го извршат монтирањето, по што фонтаната повторно ќе биде пуштена во употреба.

Фонтаната претходно беше активирана и работеше околу две недели, но по велигденските празници остана надвор од функција сè до денес, поради техничкиот дефект.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio