Радио Кочани
Кочани

Амбасадорката на Кина, Џијанг Ксијаојан во посета на Општина Виница…

146

Амбасадорот на Народна Република Кина во земјава, Н.Е. Џијанг Ксијаојан, оствари официјална посета на Општина Виница, при што реализираше средба со градоначалникот Митко Костадиновски.

На состанокот се разговараше за можностите за продлабочување на соработката, локалниот развој и идни заеднички иницијативи.

Во рамки на посетата, амбасадорката ги посети Основното училиште „Славчо Стојменски“, Локалниот археолошки музеј „Теракота“ и Општинската противпожарна единица, каде беше запознаена со условите за работа и активностите на институциите.

Дел од посетата беше и краток увид во градскиот пазар во Виница.

Посетата заврши во компанијата „Макпрогрес“ и во „Прогресив Академија“ – Винчини Развоен Центар, каде акцент беше ставен на образованието, иновациите и поддршката на младите кадри и локалната економија.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio