Радио Кочани
Кочани

Кочанскиот „Амфенол“ од топ 100 компании е меѓу првите 20

1,208

Веќе шеста година по ред порталот „Пари“ со платформата „Бизнис мрежа“ ја скенираат македонската економија, односно компаниите што направиле најголем пригод и имаат најмногу работници.

Стоте најголеми компании минатата година направиле заеднички приход од 13, 3 милијарди евра што е за 700 милиони повеќе од 2024 година.

Кочанскиот гигант „Амфенол“ е на листата помеѓу првите дваесет, завземајќи го високото 13-то место со приход над 200 милиони евра што е за 20 милиони повеќе од 2024 година.

 

 

Со посредство на порталот „Пари“ ја објавуваме следната листа, бидејќи голем дел од комапниите им се познати на пошироката јаност, а може да се види и каде приходите растатат, а каде се намалуваат.

За фирмите од истокот меѓу првите сто уште се рангирани „Дади Компани“ на 26 место, „Таб Мак“ – Пробиштип на 31 месо и Рудник „Саса“ – Македонска Каменица на 39 место.

Честитки за сите нив! Радио Кочани им посакува уште поолем напредок во оваа тековна 2026 година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio