Радио Кочани
Кочани

Д-р Лазаров: Не сме далеку од целта, донирајте за Ивана, можеме заедно!

1,454

Докторот Ненад Лазаров утрово на својот ФБ профил објави дека Ивана ги поздравува сите хумани граѓани од болница, при што денеска ѝ се поставуваат сонди до бубрезите како подготовка за патувањето кое е планирано за наредната недела.

Докторот Лазаров сподели и писмо од нејзината 7-годишна ќерка, која упати емотивен повик за помош.

Од дното на срцето ви благодарам на сите добри луѓе што донираат и ни даваат надеж! Вашата помош значи живот за мојата мама… значи уште еден ден, уште една шанса да биде покрај мене. Сега ни е најтешко… ова е нашата последна шанса да продолжи лекувањето во Турција. Ве молам, помогнете ни уште еднаш да ѝ дадеме надеж… да ѝ дадеме живот“, стои во пораката.

Од семејството  посочија дека не се далеку од потребната сума, но дека е неопходна уште една мобилизација на јавноста за кампањата да биде затворена навреме.

Ивана, мајка на мало дете, веќе подолг период се бори со тешката болест, а единствената надеж за продолжување на лекувањето е специјализиран третман во странство.

Апелот останува отворен – секој што е во можност може да донира и да помогне во оваа борба за живот.

https://ecrowd.mk/projects/fc870e14-c276-435e-80c2-90f263c16573?fbclid=IwY2xjawRZWB5leHRuA2FlbQIxMABicmlkETFWMkNMVEtFbXJlcXFwRXpac3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHqEd-2U4YH2CdvqmrsL1ToClv4cN4iAmssBqx0Dx8a7NMt_4_CNL0bX0NkNa_aem_AVeXpmhARz0AmBxCxfyPZQ

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio