Радио Кочани
Кочани

Четири милиони денари за Општина Виница за набавка на комунална механизација и опрема

225

Општина Виница доби 4 милиони денари од Министерството за локална самоуправа за реализација на проект за набавка на комунална механизација со опрема за подобри комунални  услуги.

Министерството за Локална самоуправа на Општина Виница и ги доделува овие средства врз основа на   програмата за намалување на диспаритетите во различни општини, по претходно доставена апликација.

-Целта на проектот е навремено и ефикасно да се извршуваат сите потребни операции за летно и зимско одржување на улиците и патиштата, како и примена во останати комунални активности, вели градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски .

Општина Виница,  ќе учествува во финансирањето на проектот со остатокот од средства за негова финализација по склучување на договор со изведувачот на работите.

Проектот за подобрување на комуналните услуги опфаќа набавка на трактор со кабина и предни полуги и современа приклучна механизација, предна даска за чистење на снег, тракторска приколка со дупли канати, мултифункционална хидраулична рака и тракторски ножици за кастрење на гранки и хоризонтално и вертикално уредување на вегетацијата покрај сообраќајниците и јавните површини.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio