Радио Кочани
Кочани

ЕВН ВРАБОТУВА…

465

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република  Македонија.

Компанијата е дел од EVN групацијата.

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА

За потребите на Кориснички Енерго Центaр во Штип во Група 2, бараме:

ЕЛЕКТРО-МОНТЕРИ воШтип (М/Ж)

Работни задачи:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                      

  • Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
  • Отчитување на податоци од броила
  • Контрола на приклучоци и мерни места
  • Замена на броила на корисници
  • Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
  • Помош при отстранување дефекти
  • Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и броила

Потребни компетенции:

 

  • IV степен електротехничко образование – Енергетика
  • Возачка дозвола,
  • Одговорност
  • Тимска работа
  • Комуникативност
  • Флексибилност
  • За предност ќе се сметаат квалификации за работа под напон, стручен испит за ракување со енергетски уреди и постројки и компјутерски познавања

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, аплицирајте преку приложениот линк со CV и мотивациско писмо  до07.04.2026.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат , обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиетена следниот линк  https://www.evn.mk/TopMenu/Career.aspx.

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio