Радио Кочани
Кочани

Агресивен возач под дејство на алкохол приведен во Кочани – одбил алкотест и им се заканувал на полицајци

2,623

На 31.03.2026 околу 18:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР кочани го привеле Б.М.(34) од с.Нивичани, кочанско.

Претходно, при редовна сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што тој одбил да се алкотестира и почнал агресивно да се однесува и да им се заканува на полициските службеници.

Откако бил приведен му бил извршен алкотест и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измеренио 1,57 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio