Радио Кочани
Кочани

Убиство во близина на Виница: Ловочувар најден со прострелна рана, четири лица задржани во станица

11,037

Основното јавно обвинителство Кочани извршило увид на во блицина на Виница каде било пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.

Според првичните информации, починатиот е идентификуван како ловочувар кој бил дел од група за комерцијален лов.

Од Обвинителството информираат дека во тек се активности за обезбедување докази, при што се вршат претреси и вештачења на пронајдени траги со цел утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Во рамки на истрагата, задржани се тројца странски и еден македонски државјанин кои биле дел од истата ловна група. Надлежните институции испитуваат дали тие биле инволвирани во пукањето.

До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан.

Извор: Скопје 1

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio