Радио Кочани
Кочани

OУ „Раде Кратовче“ го одбележува патрониот празник…

151

Денеска, Основното училиште „Раде Кратовче“ го одбележува својот патрон празник со низа свечени активности. Чествувањето започна со изведба на химната од училишниот хор, по што беше положено свежо цвеќе пред бистата на Раде Кратовче.

Почит му оддадоа делегација од училиштето, претставници од локалната самоуправа предводени од градоначалникот Грозданов, како и членови на семејството Раде Михајлов Кратовче.

Во рамки на програмата беа доделени благодарници на учениците кои постигнаа успеси на литературниот и ликовниот конкурс, а беа откриени и таблите со обележја на младинските клубови кои ги носат имињата на Петар Ивановски и Драгана Минова – деца кои трагично ги загубија животите во пожарот во „Пулс“, а чии родители се дел од колективот на училиштето.

Свеченоста беше збогатена и со спортски активности, при што учениците од прво и трето одделение одиграа меѓуодделенски натпревари во фудбал и кошарка.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio