Радио Кочани
Кочани

Наков: Нема граѓанин на Кочани кој така не ја доживеа трагедијата лично. Сите ние сме поврзани. Но, тоа е животот мора да продолжиме напред…

2,261

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, болката и сеќавањата сѐ уште се силни кај граѓаните.

Тешкиот настан не ја одмина ниту кочанската компанија „Амфенол“, каде што вработените и раководството се соочија со сериозни предизвици во тој период.

Генералниот менаџер Сашко Наков вели дека првичната цел била да се амортизира ударот и истовремено да се задржи континуитетот во работата кон купувачите.

Првичната цел беше да го амортизираме ударот, бидејќи имавме обврски кон нашите купувачи. Успеавме да најдеме решение со разбирање на проблемите и наидовме на разбирање. Пред сѐ морам да се заблагодарам на солидарноста на сите вработени. Ако требаше да се прават ротации на работни места или смени, тоа се правеше и навистина се покажа голема солидарност“, истакна Наков.

Тој нагласува дека трагедијата длабоко го погодила целиот град.

Нема граѓанин на Кочани кој не ја доживеа трагедијата лично. Сите ние сме поврзани. Но животот продолжува и мораме да им помогнеме на тие што се најзагрозени и најранливи, за да се охрабрат и да продолжиме понатаму, додава Наков.

Една година подоцна, солидарноста и заедништвото остануваат силна порака дека Кочани знае да се обедини во најтешките моменти.

Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio