Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
58 годишен виничанец со 3,30 промили алкохол ја вознемирувал поранешната партнерка…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден регистрирало осум пријави за семејно насилство, а полициски службеници лишиле од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко.
Во Виничко село, во 16.00 часот бил приведен Б.Т. (58) од Виница.
И покрај судска забрана да не се приближува на помалку од 100 метри и да не воспоставува контакт, тој на 7 и 8 март во повеќе наврати ја пресретнувал својата поранешна 65-годишна партнерка, ја вознемирувал и ѝ се заканувал.
При приведувањето било утврдено дека е под дејство на алкохол, при што му биле измерени 3,30 промили алкохол во организмот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и најавуваат дека по неговото документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
