Радио Кочани
Кочани

Од денеска во ОВР – Кочани започнува враќањето на личните предмети од трагичниот пожар во „Пулс“

411

Во врска со трагичниот настан – пожарот во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16.03.2025 година, од денеска (02.03.2026 година) започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.

Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 (понеделник) до 06.03.2026 (петок), во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12.

Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети кои биле пронајдени при увидот, а кои им припаѓаат на повредените и на починатите лица.

Меѓу предметите што ќе се враќаат се мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.

Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio