Радио Кочани
Кочани

Денеска во Библиотеката „Искра“ – Промоција на збирката поезија „Отуѓеност“

71

Во ЈОУ Библиотека  „Искра“ во Кочани денеска  ќе се одржи промоција на новата збирка поезија „Отуѓеност“ од штипскиот автор Методи Бојаџиски. Промотор ќебиде драматургот Трајче Кацаров.

„Отуѓеност“ е современа поетска збирка која ги обработува темите на емоционалната дистанца, оддалеченоста меѓу луѓето и личните преиспитувања во динамиката на современото живеење. Преку интимен и рефлексивен израз, авторот ја доловува состојбата на човекот во време на брзи општествени промени.

Методи Бојаџиски е роден 1974 година во Штип. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерските студии ги завршил на American Public University во САД, од областа на меѓународна политика и меѓународни конфликти. „Отуѓеност“ е негова втора стихозбирка, по првото дело „Испланиран немир“, објавено во списанието „Современост“ во 2023 година.

Промоцијата, во просториите на кочанската Библиотека „Искра“, започнува во 17 часот.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio