Радио Кочани
Кочани

Црвен крст – Кочани – Се што се случуваше по пожарот во „Пулс“ од 16-ти март до денес…

2,254

По трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, Црвен Крст на Македонија отвори наменска сметка за собирање финансиска помош за семејствата на загинатите и за повредените.

Преку упатениот апел за солидарност, граѓани, компании и институции донираа средства на Фондот на солидарноста.

Заклучно со 23 мај 2025 година, на сметката биле собрани 156.542.967 денари. Како што соопштија од организацијата, распределбата на средствата се одвивала во повеќе фази:

Првата поголема исплата била реализирана до 17 април 2025 година, кога биле префрлени средства кон 62 семејства на загинатите во трагедијата.

Во наредниот период следувале исплати и за повредените лица — како за оние кои се лекувале во земјата, така и за лицата кои биле на медицински третман во странство. Заклучно со 23 мај, биле трансферирани 107.449.101 денари.

Последен трансфер на средства бил извршен на 17 јуни 2025 година, кога дополнително биле исплатени 39.750.000 денари на 156 лица, распределени во пет категории согласно степенот на повредите и потребите за понатамошно лекување. Со тоа, од наменската сметка. Се распледелени вкупно 147.199.101 денари.

Во наредниот период ќе следуваат уште исплати. Од Црвениот Крст соопштија дека распределбата се вршела врз основа на процена на здравствената состојба и реалните потреби на секое засегнато лице, во координација со релевантни институции, со цел средствата да бидат доделени транспарентно и правично.

За тоа што се случувапе во текот на оваа година, разговаравме со секретарот на ОО на Црвен Крст – Кочани, Анета Коцева.

Разговорот го реализираме во рамките на проектот „Живот по трагедијата во Кочани“.

Во продолжение видео снимката од разговорот со Коцева:

Д. Николов

Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facilit.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio