Радио Кочани
Кочани

В недела по осми пат „Чупино Winter Vertica“ – со порака за подршка на стопирање на изградба на хидроцентрала на Блатешница

108

По осми пат, в недела, 23 февруари ќе се одржи „Чупино Winter Vertica“l, зимска планинска трка која прерасна во вистински спортски спектакл во регионот.

Патеката до Чупини Брдо, 1750 метри висок врв на  Плачковица, е долга 5 километри со 1000 метри искачување.

Стартот е закажан за 10:00 часот од чаршијата во Блатец, а целта е на врвот Чупино,

Годинава, организаторот Општина Виница,  очекува 150 натпреварувачи од 8 држави, меѓу кои и дел од најсилните вертикал тркачи од регионот. Токму од Чупино ќе започне и новата сезона на Sky Running лигата, што дополнително ја потврдува важноста на настанот на меѓународната спортска мапа.

Но Чупино не е само трка – тоа е и атмосфера, најавуваат организаторите .

Веднаш по пристигнувањето на првите натпреварувачи на целта, во 11:30 часот започнува планинска забава со настап на DJ Ерик и бендовите Флоат и The Hounds, кои ќе го претворат Чупино во сцена под отворено небо.

-Настанот оваа година носи и силна порака – заштита на природата и поддршка за стопирање на изградбата на хидроцентралата на Блатешница, затоа што токму ваквите настани ја покажуваат вредност на планината каква што е – дива, чиста и жива, стои во соопштението на Општина Виница.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio