Радио Кочани
Кочани

Кучиња напаѓаат граѓани во Кочани, советникот Крстев бара итно решение на проблемот

1,269

Проблемот со кучињата скитници во Кочани повторно е актуелен и сѐ почесто предизвикува страв и загриженост кај граѓаните.

На последната, но и на претходните седници на Советот на Општина Кочани, советникот Никола Крстев го покрена ова прашање, укажувајќи дека состојбата станува се посериозна.

Според него, кучињата скитници претставуваат реална опасност, особено за децата.

Веќе имаме поплаки од родители и граѓани кои со право се загрижени за својата безбедност. Потребно е итно решавање на овој проблем, истакнува Крстев.

Тој додава дека покрај заловувањето, неопходно е и отворање стационар за згрижување на кучињата скитници.

Во текот на денешниот ден, до Радио Кочани пристигна и писмено соопштение од граѓани од населбата Бавчалук, кои сведочат за конкретен напад.

Според нив, куче нападнало граѓанин на игралиште, а потоа и повозрасен човек кој се наоѓал во близина.

Денес куче ме нападна додека седев на клупа. Се одбранив некако, но потоа истото куче нападна и постар човек. Стравувам дека утре може да биде нападнато дете кое нема да може да се одбрани. Потребно е итно да се преземе нешто“, стои во писменото соопштение доставена до редакцијата на Радио Кочани.

Апелот е проблемот со кучињата скитници да се реши навреме, пред да настанат посериозни последици по безбедноста на граѓаните.

Инаку, овој проблем со години е сериозна црна дамка на Кочани.

На фотографијата е прикажано кучето кое напаѓа.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio