Најголемото признание за потенцијалот на тимот. како и макотрпната и предана работа на стручниот штаб и управата, доаѓа кога некој што има беспрекорна репутација во областа на финансииите, ќе ве препознае и ќе ви подаде рака, се наведува во соопштението на кочанските „жолто-сини“.
-Чест е да ги известиме сите наши навивачи и целата спортска јавност дека соработката која пред половина година започна со стандарна соработка во форма на реклама, прерасна во партнерство во кое ГФК „Осогово“ доби спонзор и партнер со беспрекорна репутација во македонската финансиска индустрија, а КБ Инвест АД Скопје ја доби централната рекламна позиција на дресот на кочанскиот миленик.
Новиот дрес во кој ГФК „Осогово“ ќе настапува во претстојната година е промовиран на ревијалниот хуманитарен натпревар со ФК „Вардар“ од Скопје.
Ви благодариме КБ Инвест, вашата доверба и подадена рака за нас е голема чест и мотивација за идни успеси.
Со почит, фудбалерите, стручниот штаб и управата на ГФК „Осогово“, стои во соопштението на кочанскиот фудбалски второлигаш.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе