Радио Кочани
Кочани

Лишен од слобода во Кочани бегалец од затвор, осуден на осум години и девет месеци

1,340

Денеска (08.02.2026) околу 13:20 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и ОВР Кочани во Кочани го лишија од слобода И.Ѓ. (35) од Гевгелија.

И.Ѓ. беше баран со потерница по судска наредба поради бегство од затворот „Штип“, за издржување затворска казна од осум години и девет месеци, осуден поради сторено кривично дело по чл. 418 став 2 од КЗ.

Лицето е спроведено во Полициска станица Кочани за натамошна постапка.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio