Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 08.02.2026 во 01:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода М.И.(23) од с.Карбинци, општина Карбинци.
При контрола во сообраќајот на ул.„Стево Теодосиевски“, полициски службеници запреле патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, лицето е лишено од слобода, а возилото одземено и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне
