Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вечерва Виница ги промовираше спортските асови за 2025 година.
Во Сината сала, во организација на Општина Виница беа прогласени најдобрите спортисти, спортски работници, екипи и млади надежни.
За најдобар спортист за 2025-та година беше прогласен членот на мото клубот „Винеам“, Давид Ристов.
За најдобра спортска екипа, титулата ја понесе ГФК „Слога 1934“, а плакета за високи меѓународни постигнувања доби кик боксерот Лука Змејковски.
Плакета за животно дело во спортот на Виница му беше доделено на Влатко Гошев, а благодарници, ваучери и плакети им беа врачени на младите надежни спортисти на багминтон клубот „Винчини“ и на кошаркарскиот клуб „Виенам“.
Наградите ги доделија градоначалникот Митко Костадиновски и претседателот на Советот Гоце Василев.
Манифестацијата беше пропратена со богата музичко-забавна програма!
