Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Мицкоски: Полицијата жестоко ќе одговори на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир
“Разговарав денеска утрoво со министерот за внатрешни работи и она кое што го побарав од него да биде за секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закана и го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење од вчера што се повтори“ – изјави премиерот Мицкоски.
Граѓаните на социјалните мрежи денеска масовно се солидаризираа со МВР и државата, барајќи да биде еднаква кон сите и да не попушта пред парадоксалните закани на лица кои имаат пари за возила, но не и да положат за возачка.
