Радио Кочани
Кочани

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

2,982

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување на моторно возило“.

 

 

На 17.01.2026 на влез во Кочани, полициски службеници запреле патничко возило „форд“, кое пријавениот го управувал и при извршен преглед над него бил пронајден и одземен кокаин, а по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на дрога.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio