Радио Кочани
Кочани

ЧЕСТНИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА 32 ГОДИШНИОТ МАРЈАН ЗАОВ

727

32-годишниот Mарјан Заов од Кочани успеа меѓу 50-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на кочанска река, по повод празникот Богојавление-Водици.

Најсреќниот Заов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со пари за здравје и среќа.

Тој пред присутните кај мостот во Паркот на Револуцијата  ја даде и христијанската изјава, и поска Бог да му дари многу здравје и среќа на наего и неговите блиски.

Пред одржување на чинот на потопување на честниот крст во храмот „Св. Вмч Ѓорги“  се одржа Света Божествена литургија по што со свечена литија верниците и свештениците се упатија кон мостот во паркот, каде се потопуваше крстот.

Успешно помина и лицитацијата на иконите и  крстот а оние кои што  ги купија иконите ќе ги чуваат во своите домови  40 дена за здравје, по што ќе бидат вратени во црквата.

Инаку,  верскиот  празник  Водици во Кочани е еден  од најмасовните црковно – верски манифестации.

Тоа беше потврдено и годинава кога покрај кејот на кочанска река присуствуваа  голем број верници.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio