Радио Кочани
Кочани

Зрновци води по разводи, Чешиново-Облешево меѓу општините со најголем негативен прираст

1,521

Општина Зрновци се најде на самиот врв во државата по број на разводи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната статистика, дури 888 во оваа општина завршуваат со развод – највисок процент на распаднати брачни заедници во Република Македонија.

Овој податок ја позиционира општината Зрновци како апсолутен негативен рекордер, далеку пред другите општини во земјата. По број на разведени бракови на 1.000 жители, зад Зрновци следуваат Лозово (500), Росоман (461), Градско (437), Делчево (386), Дојран (363), Гевгелија (319), Кавадарци (316) и Општина Центар (308).

Иако статистиката не навлегува во причините, бројките отвораат сериозни прашања за социјалната стабилност, економските услови и квалитетот на животот во оваа средина, кои очигледно имаат силно влијание врз брачните заедници.

Паралелно со овој загрижувачки тренд, источниот дел на државата се соочува и со длабока демографска криза.

Во четири региони – Пелагонискиот, Вардарскиот, Источниот и Југоисточниот – негативниот природен прираст надминува 4 на 1.000 жители, што е речиси двојно повеќе од државниот просек од -2,3.

Особено загрижувачка е состојбата во Чешиново-Облешево, општина која заедно со Берово бележи природен прираст од -10,3, што ја става општината меѓу оние со најбрзо намалување на населението во земјата. Најлоши бројки се регистрирани и во Ново Село (-14,8), Новаци (-13,7), Старо Нагоричани (-13,6) и Кратово (-12,8).

Комбинацијата од масовни разводи во Зрновци и драстичен пад на населението во Чешиново-Облешево ја отвора дилемата дали источниот регион се соочува со  длабока социјална и демографска криза.

Податоците на Државниот завод за статистика се сериозен сигнал до институциите дека се неопходни итни анализи и конкретни мерки за поддршка на семејствата и задржување на населението.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio