Радио Кочани
Кочани

Амбасадорката на Германија Петра Дрекслер во посета на Општина Кочани

253

Германската амбасадорка Петра Дрекслер, денеска ја посети Општина Кочани, каде што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов.

На средбата се разговараше за актуелната состојба во Кочани, во пресрет на годишнината од трагичниот пожар во објектот „Пулс“, како и за тековните активности на Општината, предизвиците и можностите за понатамошен развој.

Градоначалникот Грозданов ја информираше амбасадорката за напорите што ги вложува локалната самоуправа за подобрување на безбедноста, јакнење на капацитетите на службите и за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Амбасадорката Дрекслер ја истакна подготвеноста на Амбасадата на Германија да продолжи со поддршка и помош за Кочани, нагласувајќи дека, во соработка со Делегацијата на Европската Унија и со други дипломатски мисии, ќе се настојува да се одговори на конкретните потреби на заедницата.

Во таа насока беше и благодарноста од Општина Кочани за досегашната поддршка што Германската амбасада ја обезбеди за Кочани, вклучително и за Доброволното противпожарно друштво – Кочани, преку донации и опрема што значително придонесоа за зајакнување на подготвеноста и капацитетите за справување со пожари и други вонредни состојби.

Таа поддршка беше оценета како важен пример за солидарност и конкретна помош на терен.

Средбата заврши со заедничка оценка дека соработката меѓу Општина Кочани и меѓународните партнери е од клучно значење за надминување на последиците од трагедиите и за градење побезбедна и поотпорна локална заедница.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio