Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На првиот жител во 2026 година, малата Алина, испраќаме желби за среќно и безгрижно детство, да донесе многу радост и гордост на семејството Салиови, но и на општината.Виница се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и надежта. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да им посакам многу љубов и дечињата да им го развеселуваат домот.Алина Салиова е родена на 07.01.2026 година во Штип и е трето дете во семејството Салиови.
