Радио Кочани
Кочани

Никола Крстев: Хуманоста е обврска, а не избор

1,328

Независниот советник од советничката листа „Доста беше“ во Советот на Општина Кочани, Никола Крстев, јавно изрази благодарност за можноста да биде дел од, како што истакна, една исклучително хумана и благородна мисија.

Крстев упати посебна почит до двајцата најголеми хуманисти кои имал чест да ги запознае – Ана Симонова претседателката на здружението „Грин Орг“,  и Методи Митев, лице со инвалидитет кое, и покрај сопствените предизвици, секојдневно им помага на граѓаните.

Ве молам да не запирате со вашата хумана работа. Јас ви ветувам дека и јас нема да застанам тука“, порача Крстев, додавајќи дека ваквите луѓе се вистински херои.

Тој  нагласи дека пожртвуваноста и човечност на Симонова и Митев се примери кои ја одржуваат надежта и солидарноста во општеството.

Имено, денеска беа доставени донации за семејството Лешовски од делчевски Ветрен.

Донацијата се состоеше од храна, облека и парични средства за лекување на Зоран Лешовски и за опстанок на неговиот 12 годишен син, Јован.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio