Радио Кочани
Кочани

Учениците од ООУ „Никола Парапунов“-Драгобраште – второто полугодие од наставата ќе ја започнат во централното училиште

574

Учениците од ООУ „Никола Парапунов“ од селото Драгобраште, наставата во второто полугодие ќе ја продолжат во централното училиште, по завршувањето на целосната реконструкција на азбестниот кров, кој беше во исклучително лоша состојба и со сериозни проблеми со прокиснување.

Во рамки на реконструкцијата, извршена е и целосна замена на плафоните во сите училници, како и во училишниот хол, со што значително се подобрени условите за престој и настава.

Додека траеја градежните активности, наставниот процес се одвиваше непречено. Учениците ја следеа наставата во подрачното училиште во село Трсино, а за нив беше обезбеден и соодветен превоз од страна на училиштето.

Проектот е реализиран со финансиски средства во износ од 6 милиони денари, обезбедени преку јавниот повик на Владата за инфраструктурни проекти за општините, преку Министерството за образование и наука, изјави за Радио Кочани градоначалникот Митко Костадиновски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio