Радио Кочани
Кочани

Избран третиот мобилен оператор во Македонија

519

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска го прогласи „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во земјава.

Од АЕК за МИА потврдија дека со донесувањето на одлуката започнува да тече рок од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези што се доделуваа преку тендерот, во вкупен износ од 8.020.003 евра. Почетните вредности на радиофрекфенциите биле утврдени на: 4,2 милиони евра за одобрението А1, 1,5 милион евра за одобрението Б1 и 2,32 милиони евра за одобрението  C1.

Откако ќе се изврши уплатата, компанијата ќе може да добие одобрение и теоретски веднаш да започне со работа, користејќи пристап преку мрежите на постојните оператори, додека не ја изгради сопствената инфраструктура.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio