Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Општина Зрновци ги доби првите рожби за 2026 година
Општина Зрновци со радост ја започнува 2026 година со убави вести. Денес, во 13 часот и 20 минути, во Скопје на свет дојдоа првите рожби поврзани со општината за новата година – близнаците Стефан и Ана.
Гордите родители се познатиот пејач Дуле Зрноивски и неговата сопруга Зорица, кои денес ја доживеаја најголемата животна радост. Мајката и новороденчињата се во добра здравствена состојба, а радоста веќе се споделува меѓу семејството, пријателите и пошироката јавност.
Овие први рожби за 2026 година се симбол на нов почеток, надеж и иднина за Општина Зрновци, носејќи позитивна енергија уште на самиот старт од годината.
Со искрени честитки до семејството, Радио Кочани им посакува на Стефан и Ана да растат живи и здрави, а на родителите многу љубов, радост и среќни моменти.
Да се множат убавините!
