Радио Кочани
Кочани

Владата даде зелено светло за експресен пат меѓу Кочани и Делчево

1,996

Владата донесе одлука за изработка на основен проект  за изградбата на експресниот пат Кочани – Делчево, со што се отвора ново поглавје во унапредувањето на сообраќајната инфраструктура во Источна Македонија.

По изработката на проектот, наредната година се очекува веднаш да стартуваат и градежните активности.

Проектот, кој има стратешко значење за регионот, треба да обезбеди значително побрзо и побезбедно поврзување меѓу двата града, како и подобри услови за движење на граѓаните и транспорт на стоки.

Инвестицијата во патната мрежа е дел од пошироките напори за зајакнување на регионалната поврзаност и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio