Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Филмска кражба во Кочани: Украден паричник, па извадени 90.000 денари од банкомат
Штипјанец од куќа во Кочани украл паричник со пари, документи и банкарска картичка, па картичката ја дал на свој сограѓанин, кој заедно со кочанчанец со неа од банкомат повлекле вкупно 90.000 денари.
Сакале да земат уште пари, но банкоматот го спречил последниот обид.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип, за „кражба“ и за „соизвршителство“, а во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Против другите двајца – Д.К.(35) од Штип и С.М.(38) се поднесени пријави за „соизвршителство“, во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“.
На 29 октомври од куќа на лице од Кочани, првопријавениот украл паричник со пари, лични документи и платежна банкарска картица. После тоа, тој ја дал картичката на второпријавениот, кој заедно со третопријавениoт од банкомат во Кочани извршиле три успешни трансакции од по 30.000 денари или вкупно 90.000 денари, а направиле и дополнителен обид за трансакција, кој бил неуспешен, соопшти МВР.
