Радио Кочани
Кочани

РЕГУЛИРАНО КОРИТОТО НА ОСОЈНИЦА И ЗАПОЧНАТО КАСТРЕЊЕ НА ДРВЈАТА ВО ВИНИЦА

335

 

Речното корито на реката Осојница кај мостот пред влезот во селото Виничка Кршла е исчистено и регулирано, со што се решава децениски проблем на барање на жителите.

Со стабилизацијата на овој потег значително е намален притисокот врз столбовите на мостот, а воедно е отстранета и опасноста од евентуални штети и поплави на бунарите за водоснабдување кои се наоѓаат во непосредна близина.

Паралелно со овие активности, по подолг временски период започна и кастрење на дрвјата долж булеварот „Маршал Тито“.

Според најавите, ќе се врши и целосно сечење на стари и проблематични дрвја, по претходна проценка и решение издадено од надлежната Комисија за сечење на дрвја на јавно-прометни површини.

Како што истакна градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, за Радио Кочани, овие активности се дел од континуираните напори за зголемување на безбедноста, заштита на инфраструктурата и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

Од ЈП „Солидарност“ информираат дека кастрењето и сечењето на дрвјата се сложени и долготрајни операции, поради што се апелира до граѓаните за разбирање, а особено до возачите за внимателност и трпеливост, како и да не ги паркираат своите возила на локациите каде што се изведуваат работите.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio