Радио Кочани
Кочани

Второодделенци од Кочани за прв пат се среќаваат со инклузивно спортско образование

245

Во рамки на проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ кој го имплементира Македонско-бугарската стопанска комора, учениците од второ одделение од ОУ „Никола Карев“ го посетија базенот во „Центро Бизнис“ во Виница.

Главна цел на проектот е обезбедување инклузивно и квалитетно спортско образование и збогатување на училишната спортска опрема во ОУ „Никола Карев“ – Кочани.

Преку низа активности се работи на промовирање на инклузивно спортско образование со вклучување на деца со попреченост, деца од етнички малцинства како и деца од социјално загрозени семејства;

Проектот е насочен кон промовирање на вистински животни вредности преку спортски настани, како и јакнење на свеста за важноста и значењето на спортот кај сите деца.

Проектот е финансиран од Бугарската развојна помош.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio