Радио Кочани
Кочани

Се реконструира дел од улицата „Бел камен“

96

Во тек се активностите од првата фаза за реконструкција на улицата „Бел камен“.

Изведувачот „Стентон градба“, работи на ископи на асфалтната површина, уличните рабници и на тротоарските површини. Следува ископ на каналски ров за поставување атмосферска канализација. Се работи на крак со должина од 280 метри и ширина 6 м.

Реконструкцијата на улицата „Бел камен“ се реализира со 10.803.000 денари, средства коишто Општина Кочани ги добива од Владата, преку заемот од Светска банка за „Проектот за поврзување на локални патишта“. Со одлука на Советот, Општина Кочани  учествува во финансирањето со 700 илјади денари.

За улицата „Бел камен“ е изработен сообраќаен проект.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio