Радио Кочани
Кочани

Конституиран Советот на Општина Кочани, Александар Андов избран за претседател

415

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите во пожарот во „Пулс“, денеска отпочна конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Кочани. Потоа се изврши верификација на мандатите на сите 19 советници, со што почна нивниот четиригодишен мандат, а Советот официјално стартуваше со работа.

Александар Андов, член на советничката група на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, е избран за претседател на Општинскиот совет на Кочани. Тој доби подршка од 12 советници, а за него гласаа и двајца независни советници.

Андов, откако ја презеде должноста, најави отвореност за соработка со сите, без разлика на политчката припадност.

– Интересот на граѓаните е она што сите треба да не спои, рече новоизбраниот претседател Андов.

Конститутивната седница на Советот на Општина Кочани заврши со формирање на комисии за работа

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio