Радио Кочани
Кочани

15 обвинители ќе го застапуваат обвиниението за „Пулс“

999

Во судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој почнува следната недела како што денеска кажа државниот обвинител Љупчо Коцевски, ќе бидат ангажирани доволно обвинители, односно дека ЈО има екипираност и веќе се договорени околу начинот на кој обвинителите ќе го застапуваат предметот.

Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега, меѓутоа морам да нагласам дека вчера имавме состанок, најверојатно уште неколку обвинители ќе ангажираме имајќи предвид, да не се отежне односно да не се наруши постапката на другите обвинители, што имаат други предмети, што значи дека можеби не секогаш ќе присуствуваат сите обвинители, меѓутоа секогаш ќе има обвинители за да не се одолговлекува постапката или да не се одлага по, да не речам, вина на обвинителството, изјави Коцевски, додавајќи дека обвинението ќе го застапуваат можеби и вкупно 15 обвинители.

Во однос на предистрагата за службениците од УЈП, Коцевски рече дека се води предистражна постапка во ОЈО Кочани и надлежниот јавен обвинител дал одредени напатствија и наредби за преземање на надлежните органи на одредени процесни дејствија.

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ е закажано за на 19 ноември во Скопје.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска информираше дека ќе ја следи судската постапка поврзана со трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“.

Комитетот ја повикува судската власт да обезбеди јавна, правична и непристрастна постапка, целосна одговорност за сите кои со своите постапки или пропусти придонеле за трагедијата и заштита на достоинството на жртвите и нивните семејства во текот на процесот, се вели во соопштението на институцијата.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio