Радио Кочани
Кочани

Дали Кочани ќе остане без традиционалниот панaѓур – КЈП „Водовод“ остана без директор

4,097

Неизвесно е дали овогодинешниот традиционален Кочански панаѓур ќе се одржи во планираниот период од 6 до 9 ноември. Причината е неуспешното спроведување на две јавни наддавања за организатор, на кои се пријавила само една фирма што понудила пониска цена од предвидената.

Поради тоа, останува неизвесно дали воопшто ќе се реализира настанот што секоја година привлекува голем број посетители и трговци од целата околина.

Во меѓувреме, КЈП „Водовод“ остана без директор, бидејќи истече шестмесечниот мандат на досегашниот вршител на должност, Мирче Паунов.

Ситуацијата е дополнително комплицирана затоа што Општина Кочани во моментов нема градоначалник, поради одржувањето на локалните избори, па нема институција со надлежност да назначи нов вршител на должност директор на претпријатието.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio