Радио Кочани
Кочани

Делегации положија свежо цвеќе по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

209

По повод Денот на македонската револуционерна борба, вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски со претставници од Советот на Општина Кочани, делегација од Сојузот на здружението на борците од НОВ и на локални партиски ограноци, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на жртвите за слободна Македонија на Споменикот на слободата, споменикот на Никола Карев и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

Честитајќи го празникот, Крстевски нагласи дека тој потсетува на борбата на македонскиот народ за слобода и самобитност и повикува идеалите на македонските револуционери да бидат водилка во современото живеење за постојани општествени и лични промени што водат кон подобар и поправеден свет.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio