Радио Кочани
Кочани

„Кој последен се смее…“, на 24 октомври започнува „Ин Виница Веритас“

165
Овогодишното издание на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ стартува во петок, 24. октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.  Првата содржина од повеќедневната програма е предвидена за 19 часот. Станува збор за изложба на карикатури од конкурсот за карикатура за 2025 распишан под мотото: „Кој последен се смее…“, соопшти Александра Давиткова, директорка на виничкиот Дом на културата, организатор на престижната манифестација со неколку децениска традиција.

Изложбата од конкурсот за карикатура ќе се одржи во изложбениот салон при Дом на култура „Тошо Арсов“-Виница.
Свеченото отворање е закажано за 19:30 часот во Сината сала на Општина Виница, каде ќе може да се проследи чинот на доделување награди и плакети. Во 20:00 часот публиката ќе има можност да ужива во театарската претстава ,,Разбуди се Тина“ на Театарот од Куманово, во режија на Драгана Таневска.
 По завршување на претставата предвидено е дегустација на вина на производители од виничкиот регион со изложување на свои штандови.
Програмата продолжува во сабота, 25.10.2025 год. во 20:00 часот со  претставата ,,Смртта на еден човек на балканот“ на Театарот при Дом на култура ,,Иван Мазов Климе“ од Кавадарци.
Понатаму следува следната програма:
27.10.2025 година (понеделник) од 11:00 час. – Работилница со ученици од основните училишта во Дом на култура ,,Тошо Арсов“ Виница, на тема: АФОРИЗАМ И КАРИКАТУРА
18:00 час. Омаж (Изложба на карикатури) на Јордан Поп Илиев и Никола Ангеловски
18.30 час. Вечер на афоризми со наши познати афористичари

20:00 час. Театарска претстава ,,ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ“ режија Роберт Ристов-Театар ,,Провокација“- Скопје.
28.10.2025 год. (вторник) 20:00 час. Театарска претстава „ЖИВОТОТ Е КРАТОК И НЕЈАСЕН “- AT „Отпишани“
Во среда 29.10.2025 год. ќе се одржат едукативни часови за карикатура и афоризми во основни училишта во Виница.
„Ин Виница веритас“ 2025  го затвора стендап комедијата на Надица Петрова од Театарот ,,Златен Елец“, која ќе се одржи во среда на 29.10.2025 година со почеток од 20:00 ч.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio