Радио Кочани
Кочани

Христов: Борбата не завршува тука, продолжуваме во Советот за реализација на нашите проекти

265

Jа користиме приликата да ви се заблагодариме затоа што во неделата масовно излеговте на Локалните избори и гласавте. Особено на оние коишто ја дадоа довербата за мене како кандидат за градоначалник и за нашата советничка листа, предводена од СДСМ и коалицијата, рече на својата денешна прес конференција, Игор Христов, обраќајќи им се на граѓаните на Кочани.

Им го честитаме мандатот на сите советници кои влегоа во Советот на Општина Кочани, додаде тој,  особено на советниците од Листата на СДСМ.

-Истовремено ве информираме дека нашата борба не завршува овде, туку со нашите избраници ќе дејствуваме во Советот за реализација на нашите проекти, нагласи кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од редовите на СДСМ, Игор Христов, кој на 19 –ти октомври не обезбеди влез во вториот круг на изборите за градоначалник на Општина Кочани.

На кандидатите кои влегоа во вториот круг од изборите за градоначалник, Христов им посак среќа и успех, а на сограѓаните им порача повторно проевропски да излезат на гласачките места и да ја дадат довербата на оној кандидат за кој сметат дека ќе ги реализира проектите на најдобар начин.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio