Радио Кочани
Кочани

Јуроп хаус со културна програма ја продолжува соработката со ЦК „Бели мугри“

200

По успешната септемвриска програма исполнета со активности за млади, Јуроп хаус ја продолжува есенската културна и едукативна програма во Кочани.
Во текот на октомври, програмата ќе се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како и со “SupportKochani”, со цел да се придонесе кон културниот живот во градот и да се овозможат нови содржини за граѓаните, се наведува во известувањето на Јуроп хаус.

Октомвриската програма ќе опфаќа три претстави:
• 25 октомври – 20:00 часот
Синиот портокал“ – Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес
• 27 октомври – 13:00 часот
Црвенкапа“ – Театар за деца и младинци од Скопје
• 29 октомври – 20:00 часот
Сите прекрасни нешта“ – Народен театар Штип
Настаните ќе се одржат во Национална установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани, а влезот е бесплатен.
Со оваа програма, Јуроп хаус останува посветен на поддршката на културните иницијативи во Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio