Радио Кочани
Кочани

Ѓорѓиоски и Ситновска во Кочани реализираа Сатирична работилница за деца

475

Денеска  во просториите на ЈОУ Библиотека ,,Искра” во Кочани се одржа Сатирична работилница за деца, проект подржан од Министерството за култура и туризам. Работилницата ја водеа Миле Ѓорѓијоски, писател сатиричар и Софија Ситновска, илустратор. Од двајцата децата се запознаа со тајните на пишување и илустрирање на детските афоризми и епиграми. Покрај тоа, посетителите на работилницата се запознаа и со основите на глаголицата.

Досега вакви работилници Ѓорѓиоски и Ситновска  одржа во Делчево, Македонска Каменица, Крива Паланка, Радовиш, Охрид и Кичево.

По завршувањето на сите работилници со најдобрите ќе се направат изложби на илустрирани детски афоризми и епиграми, а се планира исто така од истите да се издаде и книга.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio