Радио Кочани
Кочани

Крстевски го потпиша договорот за реконструкција на дел од улицата „Бел камен“

254

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски го потпиша договорот за реконструкција на дел од улицата „Бел камен“ во Кочани.

Работите на улицата „Бел камен“ ќе се реализираат со 10.803.000 денари, средства коишто Општина Кочани ги добива од Владата, преку заемот од Светска банка за „Проектот за поврзување на локални патишта“. Со одлука на Советот, Општина Кочани  учествува во финансирањето со 700 илјади денари.

Градежните работи ќе ги изведува „Стентон градба“, а ќе се одвиваат на крак со должина од 280 метри и ширина 6 м. Според проектот, ќе изработи комплетно нова улица на која ќе се изгради атмосферска канализација, ќе се постават два слоја асфалт, нови тротоарски површини, улични рабници и ќе се изврши замена на тампонот.

За улицата „Бел камен“ е изработен сообраќаен проект.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio